Вести Македонија

Жесток дуел меѓу Димовски и Шилегов за хаосот со процедурата за вадење на лични документи

Жестока дебата меѓу Илија Димовски и Петре Шилегов во емисијата „Вин-Вин“. Меѓусебни обвинувања за хаосот во процедурата за вадење на лични документи.

„Лошо планирано и лошо организирано. Можеме да анализираме наназад. Мислам дека е стара вест да дискутираме за тоа кој е одговорен и кој го предизвикал хаосот. Од самиот факт дека Преспанскиот договор е катастрофален и штетен за македонските национални интереси до фактот дека дури и тоа што го потпишале со Грција не знаат ни да го спроведат“, изјави Димовски.

„Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ користат свои врски, кабли или што и да е да вадат пасоши на Република Северна Македонија и потоа ја напаѓаат политиката што граѓаните ги принудила на таа работа. Јас не велам дека е добра организацијата. Меѓутоа, лицемерие е за себе да извадите пасош, а за другите да тврдите дека не треба“, изјави Шилегов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По повикот од Бугарскиот амбасадор, откажан е најавениот протест за блокада на граничните премини

Дејан Дејан

Се потпишала како градоначалник и одобрила надградба на куќа – пријава за две вработени во општина Струмица

Дејан Дејан

Реакции од здруженијата на приредувачи на игри на среќа на денешната јавна расправа по предлог-законот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе