Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 3°C, а максималната од 12 до 19°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-2 Лазарополе, -1 Берово, 0 Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, Дебар, 1 Охрид, Претор, Битола, Велес, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Тетово, Штип, Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, Крушево, 4 Прилеп, 6 Виница, Дојран.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 7.5, Преспанско Езеро 4.5, Дојранско Езеро 7.2.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
