Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3°C, а максималната од 10 до 17°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-8 Берово, Попова Шапка, -6 Скопје-Петровец, Битола, Крушево, Маврови Анови, -5 Струмица, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, -4 Тетово, Прилеп, Претор, Охрид, Дебар, -3 Велес, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 2 Дојран, 3 Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
10 Маврови Анови, 3 Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 3.5, Дојранско Езеро 6.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
