Вести Економија Македонија

Блокот во РЕК Битола се уште чека МЕПСО да го вклучи

Техничкиот проблемот поради кој РЕК Битола  работи со еден блок среде зима и на минусни температури не задира во безбедноста во снабдувањето со електрична енергија, уверуваат од МЕПСО.  Но, дилемата во чија сопственост е проблематичниот далновод кој го остави РЕК да произведува  само со блок 2,  остана. Сепак, едно е  сигурно екипи од двете компании работеле на надминување на проблемот.

Техничките лица на АД МЕПСО и на АД ЕСМ се секојдневно на терен и се во постојана комуникација во насока на надминување на настанатата ситуација. Проблемот е од техничка природа и не задира во безбедноста на снабдувањето со електрична енергија. Со заеднички ангажман на стручните екипи на двете компании, очекуваме проблемот да се надмине во текот на следниве неколку денови, се вели во дописот на Мепсо

Викендов од МЕПСО  соопштија дека станува збор за проблеми со далновод кој е во сопственост на ЕСМ. Но, од ЕСМ  негираа дека кај нив има проблем. И денеска повторно потенцираа дека се е подготвено да се вклучи и другиот блок.

Во моментов, во функција е Блок 2, сѐ е подготвено за вклучување на Блок 1 веќе неколку денови и се чека МЕПСО да создаде услови за негово вклучување во мрежа. Блок 3 планирано е во застој и на него се одвиваат тековни активности за одржување на постројката, пишува во соопштението од ЕСМ

Колку минусните температури ја зголемија потрошувачката на струја, дали има набавки и ако има колку чинат, на овие прашања од ЕСМ  кусо одговорија дека набавките на електрична енергија се одвивале според планот за 2023 и 2024 година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе