Вести Економија

Бараат исплата на три неисплатени плати – вработени во „Еуроникел“ денеска ќе поднесат барање за стечај на фабриката

Вработени во ,,Еуроникел индустри” денеска ќе поднесат барање за стечај во фабриката, барајќи обесштетување, да им бидат исплатени три неисплатени плати.

„Барањето ќе биде поднесено во судот во Кавадарци. Всушност, една прилепска компанија доверител претходно има поднесено вакво барање и ние сега само се приклучуваме кон тоа барање за кое ќе се одлучува на втори февруари. Нашите плати се приоритетни, ние како работници сме доверители од прв ред“, рече Ѓорѓиев.

Досегашни вработени во фабриката очекуваат дека после стечајот, ќе се изнајде купувач на имотот од банката доверител што сега го има во сопственост имотот, за пак да се рестартира фабриката.

„Инвеститорот нема врска со стечајот. Инвеститорот работи на купување на делот од банката што е ставен под хипотека, имотот, а компанијата ,,Еуроникел” оди под стечај. Ќе се отвори нова компанија и ќе продолжи да стопанисува со комбинатот. Според информациите што ги добивме, финални разговори имало со турски инвеститор и се надеваме дека ќе се постигне договор“, нагласи Герасов.

Во изминатиот период вработените во поранешно ,,Фени” на неколку пати протестираа, незадоволни од ситуацијата во која што се најде комбинатот за фероникел, што работи со децении. Тие нагласуваа дека од гигантот директно егзистираат околу 800 семејства,  а индиректно многу повеќе и дека години наназад тој претставува значаен фактор во кавадаречката и македонската економија.

Во моментов околу сто луѓе одат на работа во фабриката, за да ја одржуваат печката во топла состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе