Облачно и студено со врнежи претежно од снег. Подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на влажен и студен бран и ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 5°C, а максималната од 0 до 8°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
1 Берово, 2 Попова Шапка, 4 Крива Паланка, Струмица, Лазарополе, 5 Маврови Анови, Гевгелија, Крушево, 6 Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Кавадарци, Дојран, 7 Штип, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Виница, Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Охрид, 9 Дебар.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 4.0, Дојранско Езеро 5.2
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
