Вести Економија

„Секнаа“ли субвенциите за парно, сметките малку потопли ?

Што се случи со субвенциите за парно оваа грејна сезона? На фактурите повеќе не стои дека има поддршка од Владата за топлинска енергија. Без оваа помош некои граѓаните добиле значително повисоки  сметки, но кај некои нема значителни поместувања. Од  фактурите кои пристигнаа до нашата редакција може да се види дека лицето со стартот на новата  грејната сезона добива значително повисоки фактури, дури и за околу 50 отсто од она што го плаќал претходната сезона.

Во ноември 2022 за топлинска енергија кога имало владина поддршка платил над 6.000 денари. Лани пак за истиот месец, фактурата му изнесува над 10.000 денари.

Станува збор за двајца пензионери кои живеат во стан од речиси 60 метри квадрати во центарот на Скопје. Пред камерите не сакаа да зборуваат, но ни кажаа дека за оваа висока сума се обратиле и до ЕСМ Снабдување. Таму им рекле дека фактурата е повисока затоа што оваа година зимата била поладна од онаа во 2022 година, а и поради тоа што нема субвенции.

Ова домаќинство сметките не ги плаќа преку целата година како што најчесто тоа го прават луѓето,  туку само во месеците кога има парно греење.

Дали ЕСМ остана без овие пари, прашавме и во Владата, но и во компанијата. Сепак, одговори до објавување на прилогот не добивме.

Исто така, до редакцијата на Телма стигнаа и поплаки од жители на Железара кои тврдат дека фактури за греење не добиле со месеци. За ова одговор од ЕСМ рекоа дека ќе дадат утре.

Но, околу потрошувачката на струја граѓаните можат да здивнат. Во овој дел фактурите и натаму се покриваат со пари од буџетот.

Сепак, работата на државните електрани во третиот квартал лани не одела како што треба, па тие направиле загуби од над 6 милиони евра.  За овој минус Премиерот пред извесно време рече дека е поради тоа што ЕСМ својата струја ја продава по цена која е пониска од пазарната, за да може домаќинствата да не добиваат високи фактури. А ако работела по пазарни цени заработката на државните електрани би била над 200 милиони евра. По ова излегува дека граѓаните и малите потрошувачи се виновни за дупката во ЕСМ.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе