Ракомет Спорт

Европско првенство со преодна оценка за „мирни води“ до баражот за СП 2025

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на седмото Европско првенство по ред. Турнирот во Германија уште еднаш ни ја покажа реалната слика, дека моментално сме далеку од европската елита, која во минатото знаевме да ја изненадиме. Сегашната наша реалност е златнаta средина на европскиот ракомет. Настапот има преодна оценка само заради победата над Швајцарија.

По низа од седум порази по ред и речиси четири години чекање, Македонија вчера против Швајцарија ја запиша првата победа на едно Европско првенство.  Уште пред стартот на овој турнир беше јасно дека нашите ракометари ќе бијат битка со Швајцарија за третото место во групата А. Франција и Германија моментално се предалеку со својот квалитет во однос на нашиот, а тоа добро се виде на теренот во поразите од 10 односно девет голови разлика.

Има многу работи кои ќе мораат да се поправат во играта на нашиот тим особено ако се знае фактот дека по групната фаза бевме рекордери по технички грешки или загубени топки. На три натпревари имавме вкупно 50 загубени топки.

Индивидуално, некои играчи го докажаа својот квалитет, други покажаа дека се огромен потенцијал за во иднина. Дел од играчите стагнираат во својот развој како репрезентативци, па дури и назадуваат.

Добрата игра на Марко Митев, Мартин Томовски, Ненад Костески, Петар Атанасијевиќ, Милан Лазаревски и Томислав Јагуриновски значат дека Македонија е во сигурни раце во иднина, секако подржани од фантастичниот Жарко Пешевски, кој беше наш најдобар стрелец на ЕП и сега веќе искусните Никола Митревски, Филип Талески и Филип Кузмановски.

Финиширавме на 17.место на турнирот, а тоа значи и привилигирана позиција во ждрепката за баражот за Светското првенство во 2025 година што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска. Токму победата над Швајцарија ни го овозможи тоа и затоа беше исклучително важно да се добие натпреварот.

Во баражот за Мундијалот ќе се надеваме да ја избегнеме селекцијата на Србија, која можеби е најквалитетниот ривал кај неносителите, но тука е и сензацијата на турнирот, Фарски Острови. Можни противници ни се и Грузија, Грција, Босна и Херцеговина, Романија, Швајцарија и победниците од квалификациите. Во март годинава меѓусебе играат Естонија против Украина, Финска против Литванија, Белгија против Италија и Словачка против Израел или Луксембург.

Македонија нема пропуштено голем турнир (Европски или Светско првенство) уште од 2012 година па наваму. По баражот за Мундијалот во 2025 година оваа низа треба и мора да продолжи.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе