Вести Економија

Камионите кои транзитираат од и до Србија ќе се мерат на една вага, ќе се забрза ли протокот на стоки?

Македонија и Србија во обид да го забрзаат протокот на стоки со потпишивање на протокол за признавање на кантарските белешки денеска во Ниш. Со ова всушност тежината и стоката во камионите треба да се мери само на едно место. со една вага, а не како до сега на две.

И денеска на граничниот премин Табановце можеше да се забележи колона токму на лентата за товарни возила. Со ова царините на двете држави очекуваат дека повеќе вакви гужви нема да има и возачите на транспортните возила нема со часови да бидат заглавени на граничниот премин.

Ова значи дека македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија, и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш. Истото ќе се однесува и за стоки кои транзитираат низа двете држави. На пример, доколку наша компанија извезува во Словенија, а транзитира низ Србија, белешката од мерењето што ќе ја добие на излез од Македонија ќе важи до влез во Словенија, што значи дека нема да има мерење ниту на влез, ниту на излез од Србија, што реално ќе заштеди време и пари на македонските транспортери и компании, изјави богоев.

Ова е дел од иницијативата „Опен Балкан“ за слободен проток и услуги. Богоев најави дека ќе покрене иницијатива ваков потпис да се стави и со Албанија, за и на таа страна увозот и извозот на стоки да оди побргу.

Останува ова да се спроведе и во дело на патничкиот сообраќај, кој и покрај  тоа што пасошката контрола се врши на едно место, но во две контролни кабини сепак има периоди кога се случуваат големи гужви.

Од царинската управа се надеваат дека Министерството за внатрешни работи  наскоро ке го заврши процесот и за побрз проток на патници на овој премин.

Инаку, трговската размена мегу Македонија и Србија е речиси милијарда евра. Минатата година е регистриран раст на извозот од македонска страна.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе