Вести Временска прогноза

Променливо облачно, претпладне со локални врнежни – Временска прогноза за 16.1.2024

Променливо облачно, особено во западните и северните делови претпладне со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец и со услови за појава на краткотраен дожд.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2°C, а максималната од 3 до 9°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-9 Берово, -7 Скопје-Петровец, -6 Штип, Струмица, Демир Капија, Велес, Куманово, -5 Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија,  -4 Битола, Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница, Дебар,  -1 Дојран, Крушево,  Маврови Анови, Претор, 1 Охрид.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

5 Попова Шапка.

 

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предупредување од Техеран – нападите врз Либан ризикуваат да го загрозат договорот меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Адвокатите Феузи Џафери и Артим Ислами во трка за влез во Судскиот совет – трет обид да се избере нов член

Дејан Дејан

Мицкоски: Се бориме за фабрика повеќе и за добро платени работни места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе