Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина и над 60 km/h.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -2°C, а максималната од 0 до 8°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-12 Попова Шапка, -10 Берово, -6 Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица, Маврови Анови, -5 Виница, Кавадарци, Крушево, -4 Гевгелија, -3 Прилеп, Дојран, -2 Битола, Куманово, -1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, 0 Охрид, Претор.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
6 Попова Шапка, 2 Пожаране, 1 Ѓуриште.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
