Вести Економија

Минималната кошница според пресметките по новата методологија порасна за 12 илјади денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2023 година со новата методологија изнесува 56.522 денари, доколку тука не би се засметувале кирија и кредит.

Доколку и овој трошок влезе во пресметката сумата тогаш би изнесувала 74.000. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница пресметана по старата методологија која изнесува за месец ноември 44.699 денари, новата номинално е зголемена за речиси 12 илјади.

Минималната плата во земјава изнесува 20.175 па две минимални плати не се доволни да ги покријат трошоците ниту по старата ниту по новата пресметка.

Според новата методологија додадени се нови и исто така проширени се дел од артиклите што се одраз на реалната потреба на едно четиричлено семејство. Во делот за трансопртот новина е автомобилот, кој е потреба на секое семејство за извршување на секојдневните активности.

Исто така додадени се трошоците за образование, кај здравјето додадени се основните пакети за превентивни или најнеопходни здравствени услуги.

Во делот ресторани и хотели додадено е дека семејството може да си дозволи два пати месечно конзумирање храна од сендвичара и да си дозволат еднаш годишно во јуни месец да одат на одмор во бунгалов во Дојран во траење од 7 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе