Вести Економија Македонија

Борба кој ќе го добие привлечниот тендер за универзален снабдувач со струја – и фирми со загуби бараат начин да се јават

Познатиот трговец  со струја ЕДС, кои според податоците до кој дојде Телма има милионски загуби, поради енергетската криза сака да биде снабдувач со струја на домаќинствата и малите потрошувачи. Во еден од условите пак кои треба да го исполнуваат компаниите стои дека фирмата треба да има (добивка) во последните три години.

Според , извори на Телма компанијата барала и да има измени во повикот за избор на нов Универзален да може да се јават и  фирми без разлика на тоа какви резултати во работењето оствариле, па дури и со негативни биланси. Според информациите, ова не го дозволиле од Министерство за економија.  На 26 декември од компанијата поднеле и жалба до Комисијата за жалби при јавни набавки.

Од ЕДС пак во допис до Телма негираат дека барале измени во условите на повикот. Поради правните ограничувања не се во можност да ја кажат содржината во жалбата. Но , велат дека се однесува на можноста повикот да биде незаконски односно да го наруши принципот на слободна пазарна конкуренција.  За да учествуваат  согласно законите  тврдат дека можат финансиски да бидат поткрепени од мајката компанија.

Како што и е познато на јавноста, целосен сопственик на ЕДС е ППЦ, фирма која има годишен приход од 12 милијарди евра, и актива со која повеќе од 10 пати се задоволени условите на повикот. Согласно членот 7 од Законот за енергетика, а во врска со членот 96 од Законот за јавните набавки, во вакви повици, дозволено е финансиската состојба на локалната компанија да биде поткрепена од мајката компанија, со што би се исполниле сите услови во повикот, се вели во допсиот од ЕДС.

Вчера министерот Бектеши потенцира дека измени во повикот нема да има. Кој смета дека ги исполнува условите може да се јави на повикот.  Денеска и премиерот Ковачевски  потврди дека повикот е ист како што бил и претходно.

На повикот ќе се јават и сегашниот снабдувач ЕВН ХОУМ, но и ЕСМ Продажба. Но, одлуки носат и други фирми. Беше објавен на почетокот од месецов.

Mеѓу условите кои се јасно дефинирани стои дека фирмата  треба да има работен капитал од 40 милиони евра. Оваа сума е повисока од она што се бараше на повикот пред неколку години. Да има изјава дека во рок до 30 дена од донесувањето на одлуката за избор, ако неговата понуда биде избрана како најповолна, дека ќе достави банкарска гаранција во износ од најмалку 10 отсто од неговите годишни обврски. Во случај, пак, ако има обезбедено средства кои ги надминуваат барањата, може да достави инструмент во форма на меница.

Фирмата во последните пет години да нема пресуда за учество во корупција, измама перење пари. Дека нема отворено постапка за стечај или ликвидација, да се платени сите даноци, придонеси, да има капацитет да испорача повеќе од 500 илјади месечни фактури, систем за управување со поплаки, но и многу други.

Рокот за доставување на документите е до 12 јануари.

Дали ќе остане ЕВН ХОУМ  или ќе биде друг, ќе се знае  на почетокот од идната година. Оној кој ќе биде избран ќе ја преземе улогата во јуни 2024.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе