Вести Економија Најважни

Мерката за гарантирана цена на основните прехранбени производи продолжува

Лебот, јогуртот, јајцата, киселото млеко, кашкавалот, овошјето, зеленучукот, дел од месните производи, оризот, брашното, тестенините, бисквитите, наполитанките, ќе останат со гарантирана цена до крајот на јануари. Ова денеска го најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Денеска имаме редовна седница на владата и мерката за гарантирани цени ќе продолжи до крајот на јануари“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Мерката како што најави тој ќе се продолжува се додека не се донесе законот за нефер трговски практики, кој е во собраниска процедура, а со кој треба да се спречат големите маржи на прехрамбените производи кај ланците маркети.

„Додека не се усвои закон за нефер трговски практики ќе имаме времени мерки како што се одлуките за замрзнување на цени или пак за замрзнување на маржи“, озјави Бектеши.

Законот за нефер трговски практики, како што објасни денеска Бектеши, е нова регулатива во делот на трговијата особено со земјоделките и прехрамбените производи. Со законот се предвидува министерството за економија, во консултација со стопанските комори и организацијата на поторошувачи, да направи листа на производи за цела година која би подлежела на овој закон каде што не би можело да има маржа во трговците ланци повеќе од 10 проценти.

Законот е пуштен во Собранието со европско знаменце и Бектеши се надева дека тој ќе биде усвоен од пратениците во текот на јануари.

Инаку гарантираната цена е цената која производите ја имале на 1 август годинава, намалена за 10 проценти.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе