Вести Економија Македонија

Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија, во тек е постапка за експропријација

Објавен е тендерот за избор на изведувач на третата делница од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до бугарската граница. Истовремено, во тек е и процесот за избор на надзорен инженер и на консултант за техничка помош на инвеститорот (ЖРСМ Инфраструктура).

Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура велат се очекува во првиот квартал 2024 година да се избере консултант за техничка помош, во вториот квартал надзорен инженер, додека пак тендерската постапка за избор на изведувач да се заокружи во третиот квартал на 2024 година.

Според оваа динамика, активностите на терен велат би започнале во 2025 година.

Постапката за експропријација за оваа делница е во тек, а досега се завршени 60 проценти, претежно во руралните средини.

Средствата во износ од 560 милиони евра како проценета вредност за оваа делница се веќе обезбедени, со грант од 61 милион евра од ИПА компонентата, 149 милиони евра од ВБИФ и два заеми од ЕБОР и ЕИБ од по 175 милиони евра.

Во наредната година, ЖРСМ Инфраструктура најавува дека ќе продолжи со градежните работи кои се во тек на двете делници на источниот дел од Коридор 8, на делницата Куманово – Бељаковци и на Бељаковци – Крива Паланка.

Од Министерството за транспорт и врски и од ЖРСМ Инфраструктура велат дека на првите две делници од пругата кон Бугарија, работите се одвиваат согласно одобрените динамички планови на изведувачите Ѓулермак и Страбаг.

Делницата Куманово до Бељаковце изградена над 45 проценти и според оваа динамика, Министерството за транспорт очекува да биде пуштена за сообраќај во октомври следната година.

Инвестицијата за првите две фази изнесува околу 200 милиони евра.

За изградбата на западниот дел од железницата на Коридор 8, формирана е работна комисија која работи на постапките за изградба и на овој дел од пругата.

Планирано е да се реализира во две фази, од Кичево до Струга и од Струга до границата со Албанија.

-Во овој момент комисијата работи на апликација за грант средства до КОНЕКТА кои ќе бидат потребни за да се направи ревизијата на основниот проект, информираат од Министерството за транспорт. МФ работи на преговори со меѓународни институции за финансирање за изградба на овој западен коридор, информираат од ресорното Министерство.

Трите проектирани делници на источното крило на Коридорот 8 се со вкупна должина од 89 километри (од Куманово до Бељаковце 31 километар, од Бељаковце до Крива Паланка 34 и од Крива Паланка до граница со Бугарија 24 километри). Проектираната пруга на западното крило на потегот од Кичево до границата со Албанија е 63 километри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе