Вести Економија

Славески во „Вин-Вин“: Половина од буџетскиот дефицит во 2024 година ќе оди на отплата на камати

Половија од буџетскиот дефицит, од 3,4 процентни поени, 1,7 ќе отидат на отплата на камати во 2024 година, рече универзитетскиот професор при УКИМ, Трајко Славески во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Остар беше падот како резултат на пандемиската рецесија, втора рецесија што ја доживеавме во последните десетина години, по онаа од 2007 година и од 2009 година. Од владини претставници слушаме дека ова била најжестоката, најдлабоката рецесија во македонската економија, што не е точно. Најдлабоката беше со раздружувањето на некогашна СФРЈ, кога шест-седум години ние имавме негативни стапки на раст кои некогаш беа и двоцифрени“, истакна Славески.

Според него, добро е што кратко траеше и заздравувањето на глобалната економија, на европската и на македонската.

„Тоа е како топче кога ќе падне и ќе отскокне. Но, податоците за растот на македонската економија се малку загрижувачки, затоа што од година во година гледаме дека стапката на раст се повеќе и повеќе се намалува. Различни беа причините и за настанокот на тогашната криза и за оваа сега. Добро е што ќе немаме онаа рецесија со двојно дно, заздравување, па повторен пад на економијата во рецесија, но, некако, се наоѓаме во состојба на стагнација“, вели Славески.

Како што додаде, не е постигнат ниту потенцијалот за раст на македонската економија и, според некои мерења и консензус меѓу економистите, се што е под четири проценти раст на бруто домашниот производ е нешто што сме можеле да го постигнеме според ресурсите со кои располагаме, но не го постигнуваме.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе