Вести Македонија Најважни

Трет ден средба на делегатите на земјите членки и поддржувачи на ОБСЕ на Министерскиот совет во Скопје

Трет ден средба на делегатите на земјите членки и поддржувачи на ОБСЕ на Министерскиот совет кој годинава се одржува во Скопје… За денеска планирани се три настани на теми: „Млади и граѓанско општество“, „За луѓето и влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот, безбедност на новинарките“.

Министерскиот состанок започна со неформална вечера на повеќето министри, каде доминираше темата за воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии. За време на официјалниот дел вчера учество зеде и рускиот шеф на дипломатијата. Тој за прв пат по руската воена агресија врз Украина е во земја-членка на НАТО… Во жесток говор констатираше дека ОБСЕ е на работ на пропаст, и обвини дека западните држави ја загрозиле иднината на организацијата… Лавров подели критики и замина од салата, останатите делегати со реакција дека рускиот министер го злоупотребил самитот за да манипулира… Ваквиот настап на Лавров, некои го толкуваат и како дипломатска победа на Русија…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Повреден жител на селото Долани при гаснењето на пожарот во штипско – огнот ставен под контрола

Дејан Дејан

Путин прв му честитал роденден на Трамп – славеникот на шега забележал дека не му се допаѓа бројот 80

Дејан Дејан

Муцунски следните три дена Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе