Вести Македонија Топ вести

Коалиција Маргини: Пораст на родовата дискриминација, трансродови жени постојана мета на говор на омраза

Загрижувачки податоци за годината која изминува, се забележува пораст на родовата дискриминација, дискриминација врз жените, особено врз интерсекциски идентитети на жени како што се  жените од рурални средини, жени Ромки, трансродови жени кои се постојано мета на говор на омраза, на дезинформации, на клевети, апелираат од Коалицијата Маргини.

-Оваа година бележиме пораст на антиродовите движења меѓу кои Македонската православна црква беше една од гласноговорниците против родова еднаквост, против правата на ЛБТИ луѓето и гледаме дека властите се под влијание на овие движења, кои немаат ниту експертиза ниту се запознаени со националното законодавство и меѓународните обврски на државата во однос на унапредување на родовата еднаквост. Од тука гледаме состојба во која е неизвесно дали и како ќе се донесе Нацрт -законот за родова еднаквост и комплетно веќе немаме ниту политичка волја за донесување на измените на Законот за матична евиденција со кое што требаше да се уреди правното признавање на родот што значи и неисполнување на меѓународните обврски и неспроведување на пресудата во Стразбур – Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе