Спорт Тенис

Ѓорческа во второто коло на ИТФ турнирот во Хехинген

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го отвори настапот на ИТФ турнирот во германскиот град Хехинген што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Таа во првото коло во меч што траеше 2 часа и една минута во три сета со 4:6, 6:3 и 6:3 ја совлада Тена Лукас од Хрватска.

Ѓорческа која на турнирот е поставена за седма носителка во следната рунда ќе се соочи со Бугарката, Гергана Топалова која во првото коло беше слободна.

Македонската тенисерка ќе настапи и во игра двојки каде заедно со Алена Фомина Клоц е поставена за трета фаворитка, а во првото коло за противнички ги имаат Маријана Дражиќ од Хрватска и Анита Вагнер од Босна и Херцеговина.

А на ИТФ турнирот во Нови Сад место на главниот турнир обезбеди Горазд Србљак кој во првото коло ќе се соочи со домашниот тенисер Никола Јовиќ кој настапува со покана на организаторот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе