Пајак возило претпладнево околу 11 часот од раскрсницата на Илинденска кон Градската болница „8-ми септември“ подигна полициски шевролет спарк.
Полициското возило беше на раскрсницата која во моментот во правец Илинденска-Болница не функционира поради градежни работи на таа делница.
На полицискиот спарк немаше траги од удар, па најверојатно станува збор за дефект, а не за непрописно паркирано возило.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.


