Спорт Формула 1

Ферстапен доминантно и низ улиците на Монте Карло во Ф1

Макс Ферстапен ја продолжува доминацијата сезонава во Формула 1 шампионатот откако денеска славеше на трката за Големата награда на Монако, што беше негова четврта победа на шестата трка.

Актуелниот светски шампион водеше од самиот почеток до крајот на трката низ улиците на Монте Карло, а ниту дождот што се појави во финишот не го спречи да дојде до вториот триумф во кариерата  на оваа патека. Возачот на Ред Бул успеа да мине низ целта пред Фернандо Алонсо од Астон Мартин, а на подиумот имаше место и за Естебан Окон од Алпин.

Потоа следуваат возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Ферари имаше уште еден потпросечен викенд со шестото и осмото место на Шарл Леклер и Карлос Сајнц.Седми беше Пјер Гасли, додека последните бодови ги освои двоецот на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Во генералниот пласман кај возачите, Ферстапен очекувано е прв со 144 бодови, додека Серхио Перез, кој денеска финишираше како 16-ти е втор во поредокот со 105 бодови. Фернандо Алонсо е трет со 93 бодови.

Следниот викенд се вози трката за Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“ во Барселона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе