Спорт Формула 1

Хонда, сепак, нема да ја напушти Формула 1 – потпиша договор со Астон Мартин

Јапонскиот автомобилистички гигант Хонда официјално објави дека ќе продолжи во Формула 1 од 2026 година и ќе го снабдува Астон Мартин со мотори.

Хонда моментално го снабдува со мотори најдоминантниот тим во Формула 1, Ред Бул, но ова партнерство ќе заврши на крајот од сезоната 2025 година. Јапонскиот производител во 2021 година најави повлекување од спортот, но се предомисли откако Формула 1 донесе нови правила за моторите, кои речиси целосно ќе бидат еликтрифицирани и ќе користат на одржливи горива.

Ред Бул од 2026 година ќе има свој мотор, што ќе го конструира со помош на Форд во сопствената фабрика, па Хонда ќе има ново партнерство со Астон Мартин, тим кој моментално соработува со Мерцедес околу агрегатите.

Ова значи дека од 2026 година во Формула 1 ќе има шест снабдувачи со мотори, а тоа се Хонда, Ред Бул, Рено, Мерцедес, Ферари и Ауди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Циципас и Руд се пласираа во четвртфиналето во Барселона

Дејан Дејан

Ѓорческа испадна во 2.коло во Копер, но ќе игра полуфинале во двојки

Дејан Дејан

Македонија ги доби ривалите на ЕП 2024, натпреварите ќе ги игра во Дебрецен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе