Вести Економија

Индустриското производство во март зголемено за 1.3 отсто

Индустриското производство во март годинава во однос на март лани е зголемено за 1.3 отсто. Во првите три месеци од 2023, пак,  во спроредба со истиот квартал лани бележи раст од 0.1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи опаѓање од 11.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.1 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 5.5%, Капитални производи за 11.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.1 %.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе