Вести Економија

Нов колапс на банка во САД – Прва Републичка банка затворена, ја презема Џи-Пи Морган

Нов колапс во американскиот банкарски сектор. Регулаторите ја затворија Првата Републичка банка, со седиште во Сан Франциско, и сите нејзини депозити и поголем дел од имотот се продадени на Џи-Пи Морган, во обид за спречување на натамошни банкарски превирања во земјата. Таа е трета банка од средна големина која пропаѓа во САД во последните два месеца, по Банката на Силиконската долина од Вашингтон и Сигнејчр банката од Њујорк.

Банкарскиот гигант Џи-Пи Морган ќе преземе 173 милијарди долари заеми и околу 30 милијарди долари обврзници, како и 92 милијарди долари во депозити. Во соопштението на Џи-Пи Морган се наведува дека нема да ги преземе долговите, ниту преференцијалните акции. По преземањето, акциите на Џи-Пи Морган пораснаа за 2,6 отсто, додека вредноста на акциите на Првата републичка банка паднаа за 96 отсто од почетокот на годината.

Првата Републичка банка на 13 април располагаше со имот од 229 милијарди долари, но инвеститорите и штедачите стануваа се позагрижени од информациите за високиот износ на неосигурани депозити и изложеноста на заени со ниска каматна стапка.

Федералната корпорација за осигурување на депозити денеска соопшти дека 84-те филијали на Првата Републичка Банка во осум американски држави повторно ќе бидат отворени, а штедачите ќе имаат целосен пристап до нивните депозити и преку филијалите на Џи-Пи Морган

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе