Вести Економија

Светска банка очекува владата да ја корегира одлуката за раст на функционерските плати од 78 отсто

Од Светска банка се надеваат дека владата ќе ја исправи одлуката за зголемување на платите на фунцкионерите од 78 отсто. Велат во време на криза, тоа да се случува не е во ред. Уставниот суд на 23 март укина два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, и со тоа отвори пат кон зголемување на платите на околу 700 функционери за дури 78 отсто. Сепак, од банката очекуваат одлуката да биде исправена.

Не верувам дека ова е вистинскиот пат , но мислам дека веќе владата работа да го исправи тоа, мислам дека  оваа одлука дојде неочекувано, рече Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист во Светска банка.

За замрзнувањето на цените, мерка која Владата ја спорведува неколку месеци, за банката не е одржлива на долг рок. Предупредуваат дека инфлацијата и годинава ќе биде висока, над 9 отсто. Но сметаат дека трговците кои ја искористија ситуацијата и направија големи профити, треба повеќе да се оданочат со воведување на солидарниот данок.

Во услови на пазарна економија може да наплаќате маржа колку што сакате, тоа само по себе е злоупотреба, и можеби трговци ја злоупотребија ситуацијата, но постојат инспекции кои треба да ја видат ситуацијата. Но од друга страна, исто така во даночната област, постојат можности да се наплаќаат повиоки даноци за оние со повисоки добивки. Вашата земја поддржува рамен данок за ДДВ, имаше обид за прогресивен данок, но тоа не наиде на поддршка на јавноста, рече Маџаревиќ – Шујстер.

Давачките на тутунските производи  се најниски во регионот и во овој дел од банката сугерираат да се направат корекции.

Според прогнозите, годинава земјава ќе ја заврши со раст од 2,4 проценти, што е пониско од првичната проекција. Догодина пак македонската економија ќе биде најслаба во регионот, а состојбата нема да се подобри ниту во 2025. Македонија и Косово се уште имаат јавен долг над просекот во регионот. Неплатените обврски од страна на државата се зголемени заради неплаќањето на претпријатијата во државна сопственост, здравството и локалните власти. Од банката нагласуваат дека поради политичката несигурност и неактивност во Собранието можно е да се одложи спроведувањето на некои реформи.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе