Вести Економија Најважни

Груби се колне: Ако се проневери и еден денар, да скапеме во доживотен затвор

Наместо да го покаже договорот со „Бехтел и Енка“, вицепремиерот Груби се заколна дека никој нема да краде додека се градат автопатиштата. Како залог ја стави сопствената слобода, но и слободата на премиерот и останатите министри  вклучени во  проектот.

За Груби, ова е опозициска хајка за дневна политика. Го повтори тврдењето дека пред донесувањето на специјалниот закон и измените на другите закони, што се однесуваат на работата на коридорите 8 и 10-д, се сретнал неколку пати со Христијан Мицкоски, но и со потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека е добро што Артан Груби е свесен дека ќе лежи во затвор и дури и сам си ја одреди и висината на казната.

Од партијата се противат на спорните делови од договорот поради кој се менуваат суштински закони и според нив, се отвора простор за криминал, како и преземената обврска да се плаќаат милионски пенали. Тие веќе објавија делови од договорот и бараат, доколку не се во право, владата да ги демантира и да го стави договорот на увид на јавноста и експертите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе