Вести Економија

Стопанската комора ќе утврдува мерки за надминување на енергетската криза

Предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, денеска треба да бидат утврдени на седница на Управниот одбор на Стопанската комора.

Стопанската комора, по спроведената анкета за загубите кои ги претрпеа компаниите членки во енергетската криза во 2022 година, ги презентираше резултатите пред двете највисоки тела на Комората. Како што беше дефинирано, конкретните предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, ќе бидат утврдени на специјалната седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, со која заседава претседателот на Комората, Бранко Азески и на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), која е раководена од проф. д-р Кочо Анѓушев, се вели во соопштението на Комората.

Седницата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора со почеток во 11 часот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе