Вести Економија Најважни

Домашното жито скапува на сметка на увозот – стоковните резерви се полнат со странска пченица

Домашното жито скапува додека државата увезува од странство. Станува збор за околу десет илјади тони кои иако по намалена цена, не се откупуваат.

Од Националната федерација на фармери побараа забрана за увоз на пченица, за да може да се откупи нашата.

На сметка на домашното жито, од странство се увезува и за десет денари поскапо.

„Ние уште лани и во годините пред тоа побаравме откупот на пченица за стоковните резерви да почне од денот кога почнува жетвата во Македонија и да се откупи од нашите производители, а не од странство. Кај нас е по 19 денари, а јас имам информација дека е донесена пченица по 28 денари за Државните стоковни резерви. И сега, Директоријатот за стоковни резерви ќе почне да дава на млинарите за една ептен ниска цена и тогаш ќе падне и цената за нашата држава. Бараме помош од Министерството за земјоделство, а тоа значи да се забрани увоз на пченица и да може да се откупи нашата пченица“ вели Мемет Синани, член на Управниот одбор на Националната федерација на Фармери.

Од каде и колку се увезува, нема конкретни информации. Македонија најмногу работи со Србија, но можеби се увезува пченица и од Украина коментираат земјоделците.

Министерот за земјоделство Николовски ги удостои фармерите со присуство на годишното Собрание на Националната федерација, но не и медиумите со изјава пред камера.

Мемет Синани од Федерацијата на фармери ги анализира и цените на производите кои се пласираат на пазарот. За јавноста прескапо е да се пазари по сѐ повисоките цени, а фармерите велат дека нема друг избор.

„Имаше некои изјави дека земјоделските произвоби биле многу скапи. Земјоделските производи не се скапи, туку земјоделецот не може да ги покрие своите трошоци. Патот од производство до краен потрошувач цената се зголемува за трипати. Ако доматот е откупен за 50 денари, ќе стигне и до 120 или 150 денари на тезга“ кажа Синани, од Националната федерација на фармери.

Земјоделците алармираат и дека ниту половина од авансот за субвенции не им е исплатен, иако годинава беше промовиран новиот модел на субвенционирање.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Голем број човечки жртви во поплавите во Источна Африка

Дејан Дејан

Празнување на меѓународниот ден на трудот Први мај

Дејан Дејан

Шојгу бара повеќе оружје за војната во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе