Вести Економија Најважни

Власта во одбрана на секој член од договорот со „Бехтел и Енка“

Во сабота се палат багерите. Местото, точниот саат се изненадување. „Бехтел и Енка“ почнува да го гради Коридор 8. Медиумите ќе добијат покана навреме, иако изостанаа одговори и детали од спорниот договор.

Проект нема, но затоа од синоќа се бара стручен кадар. Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот „Бехтел и Енка“. 70 илајди денари основна плата за помошник кординатор, као и четворица специјалисти од областа на експропријацијата. Кандидатите ќе ги вработува Јавното претпријатие според нивниот правилник за систематизација, а интересно е тоа што, наспроти упорноста на власта за законски измени со кои ќе може конзорциумот да ангажира работници за 60 часа неделно, овие вработени ќе работат само 40 часа.

Ковачевски во одбрана на предлог измените, кои се обременети со 1.100 амандмани, тврди дека и досегашниот законски формат дозволува дополнителна работа од над 40 часа.

Додека премиерот бара да му веруваме на зборот дека во договорот, кој и понатаму останува тајна за јавноста, 51 отсто од капацитетите кои ќе се користат во изградбата ќе бидат од земјава. Опозицијата критикува, а и формално побара да го добијат договорот на увид.

Предложените измени предвидуваат дека по исклучок прекувремената работа може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.

Со измените се овозможува и уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес. Но, до сега никој од договорните страни не ги кажа мотивите за ваквата потреба. Но, ако се земе предвид дека идните вработени на изградба на автопатот да добиваат основна плата за 60 часа работно време, ќе се избегне исплата на додатоци, а со тоа и дополнителни давачки кон државата за персонален данок. Дека во договорот постојат неповолни услови за државата синоќа оцени и претседателката на Трансапренси Интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева.

Владата не ја исклучува можноста предлог-законот за работни односи, кој во моментов е во собраниска процедура, да се повлече и да поднесе нов предлог со предзнак европско знаменце. На седница на Владата беше донесена одлука Договорот со меѓународниот конзорциум Бехтел и Енка да се достави до Јавното обвинителство.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Викендов со нешто попријатна временска состојба – Временска прогноза за 11.5.2024

Дејан Дејан

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе