Вести Економија

Азески со отворено писмо до Ковачевски: Бизнис заедницата плаќа даноци и треба да биде консултирана

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во отворено писмо до премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш повикува на склучување на договор меѓу јавниот и приватниот сектор, и на задолжителната консултација на бизнисот при донесувањето на законите… Според него бизнис-заедницата е значаен фактор во создавањето на БДП, во плаќањата на даноците, во вработувањето и во создавањето нови работни места… Тој се пожали и дека поради непотпишување програма од страна на државата, Комората не може да користи европски средства за енергетска ефикасност односно средства од Европска програма „Лајф“, една од клучните европски програми за финансирање на климатските промени, енергетската ефикасност, на транзицијата кон чиста енергија, циркуларната економија и на природата на биодиверзитетот, додавајќи притоа дека активностите на Комората кон евроатлантските интеграции се одвиваат со несмалено темпо…

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ се наоѓа во критичен период во процесот на интеграции

Дејан Дејан

Катимерини: Аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен

Дејан Дејан

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе