Вести Економија Македонија Најважни

Кој ги овластил консултантите да преговараат за договор со „Бехтел&Енка“ со законски измени?

Зошто консултантите не ги штителе интересите на државата и не издејствувале договор со „Бехтал&Енка“ според постоечката законска регулатива останува неодговорено исто како и фактот дека Владата ја презела улогата на Собранието и се обврзала на законски измени. Предложените законски измени менуваат дел и од првиот договор за стратешко партнерство. Најавените 1м3 милијарди евра чинење сега станаа само проценка и тоа во најдоброто сценарио.

Договорот со „Бехтел&Енка“ ќе остане недостапен за јавноста но, според законските измени кои сега се туркаат во Собранието се гледа кои дополнителни обврски Владата ги презела покрај веќе потпишаното стратешко партнерство, но и улогата на Собранието гарантирајќи законски измени.

Премиерот Ковачевски не одговори кој го овластил Управувачкиот комитет и дебело платените консултанти да преговараат договор со две можности поевтина со законски измени и поскапа без законски измени кој потоа е подметнат на Владата и прифатен и зошто консултантите преговарале во корист на барањата на „Бехтел&Енка“ наместо да ги штитат интересите на државата и да се изборат за фиксни рокови согласно постојните законски решенија. Премиерот Ковачевски без одговор.

Нема одговор и зошто Владата ја презела обврската на Собранието и се обврзала на законски измени кои се исклучиво во надлежност на законодавната власт. Гледајќи ги предложените законски измени кои ги изготвија петнаесетина пратеници во рекорден рок може да се заклучи дека со преземените обврски во договорот како на пример даночните и царински олеснувања Владата го менува и првичниот договор за стратешко партнерство.

Клучот во тоа колку ќе чини изградбата на Коридорот 8 е во 60-часовната работна недела, која веќе еднаш Уставниот суд ја укина. Сега Владата сака да ја истурка на мала врата преку измени во законот за работни односи убедена дека доколку повторно се оценува Уставниот суд ќе одучи поинаку.

Претседателот Стево Пендаровски кој имаше забелешки на законските измени кои се однесуваат до делот на експропријацијата и зголемените работни часови, најави дека доколку тие поминат во Собранието ќе ги разгледува со својот правен тим.

Интересен е и фактот што првично најавените 1,3 милијарди евра за проектот сега станаа само проценка и тоа само во случај доколку се истуркаат законските измени. Доколку тоа не се изведе, според дел од договорот кој го објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, Државата ќе ја чини дополнителни 108 милиони евра и тоа за рок од пет години. Вицепрмиерот Груби соопшти дека во тој случај најмалку шест месеци подолго ќе трае изградбата на Коридорот 8.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе