Вести Економија

(видео)Трпеноски: Секој исклучок од правото носи правна нестабилност

Државната комисија за спречување корупција гледа многу можности за злоупотреби и има сериозни забелешки за предложените законски измени, според владата, неопходни за изградбата на коридорите 8 и 10д. Како клучен се наметна законот за работни односи каде измените предвидуваат дополнителни работни часови за работниците на Коридорот 8.

Тука има голем простор за ризик од корупција, секој исклучот од правото носи правна нестабилност. Сега, одлуките на Уставниот суд се конечни и не се коментираат, но секој исклучок од правото, не само за овој случај, има и други исклучоци кои што се направени е многу опасно. Тоа носи правна нестабилност, селективна примена на правото од било која власт, и тоа е една од главните причини во Македонија да дојдат сериозни инвеститори, не во слободните зони, бидејќи нема правна сигурност. Тој што сака да инвестира 20, 30, 50 милиони евра му треба одреден период на правна сигурност, смета антикорупцонерот Трпеноски.

Опозицијата обвинува дека Владата се обврза да го смени законот и во спротивно дека ќе плаќа пенали тешки над 150 милиони евра.

Прашањето е како Артан Груби и Ковачевски се дрзнале да договараат нешто што не е во рамки на нивните надлежности, затоа што правото да донесуваат закони припаѓа на пратениците кои што се избрани. Како можат тие да даваат обврски , односно да се обврзуваат на нешто кое што не зависи од нив, критикуваше Лефков.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека владата со својот демант всушност ги потврдува обвинувањата дека во договорот се предвидени големи пенали за Македонија, доколку во предвидениот рок не бидат усвоени законските измени.

Владата демантира дека се предвидени пенали во договорот, но не демантира дека се предвидени поголеми трошоци. Во делот 2Б со секција 18, мислам дека беше, не се наречени пенали туку капитални индиректни трошоци од 1.265.000 евра, исто така беа наречени и дополнителните пенали од 900.000 евра, формално правно не се наречени пенали, туку се наречени зголемени трошоци. Така да ако формално правно го анализираме она што стигнало од владата тие практично и го потврдуваат, меѓутоа кажуваат дека не се пенали туку трошоци, тврди Лефков.

Пратеникот од ВМРО-НП, Љупчо Балковски смета дека овие предлог закони, а особено предлогот за измени во Законот за работни односи, се во спротивност со европското право.

Влегуваме и во правни нејасностии затоа што овие предлог закони што сега ги носиме, што ќе се усвојат, јас сепак верувам дека нема да се усвојат, не треба да се усвојат од самата влада, меѓутоа ако се усвојат, ние како држава треба пред европското законодавство да кажеме зошто ги имаме донесено овие закони, зошто правиме измена на законите кои што сигурно, овие 8 закони на кои што правеиме сега измена, сигурно биле донесени во консултација со ЕУ, рече Балковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе