Вести Економија Најважни

Дали и какви пенали се предвидени во договорот со Бехтел и Енка – Молк од Владата

Власта молчи дали и останаа уште 11 дена  да ја  зголеми работната недела за работниците кои ќе ги градат коридорите 8 и 10  за да не плаќа милионски пенали.  Ниту ги демантираат ниту ја потврдуваат информацијата објавена од опозицијата дека во договорот со конзорциумот Бехтел и Енка Владата се обврзале во рок од 45 дена од потпишувањето н договорот да ги сменат законските оредби и работната недела да трае 60 наместо како сега 40 часа.  Доколку не го реализира ова ќе плаќа три вида на пенали кон Бехтел и Енка. Еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра,  објави вчера поптретседателот на вмро дпмне  Александар Николовски на Сител. Лидерот на партијата Мицкоски денеска вели дека шокантните информации од договорот ги видел во медиумите.   Наместо да го штитат државниот и  интересот и граѓаните го штитат интересот на приватната компанија, смета Мицкоски

Сакам да кажам дека и Уставниот суд по ова прашање се изјаснил многу пати во минатото, некој свесно знаел дека ова што се бара е невозможно и одлучил да го направи, односно да потпише договор кој свесно презема обврска буџетот на Македонија, на сите граѓани да исплати би рекол стотици милиони евра пенали на компанијата која е изведувач, истакна Мицкоски

Коалциискиот партнер во власта,  ВМРО Народна бара од Владата да го објави договорот или да го презентираат на коморите, стручните здруженија и невладини организации од оваа дејност, и да објасни дали измените и дополнување на законите се содржани во Договорот како обврска на Владата.

Уставниот суд летоска го укина членот 12 од Специјалниот закон со кој беше избран конзорциумот Бехтел и Енка да ги гради автопатите. Со тој член се овозможуваше  работното да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината за работниците на коридорите но уставните судии го укинаа се повредува начелото на еднаквост на работниците но и дека се загрозува правната сигурност.

Сега власта работното време за работниците на кордиорите 8 и 10 го зголемува преку  измени во законот за работни односи исо кои се предвидува прекувремената работа да може да трае подолго од пропишаните осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе