Вести Економија Најважни

И Невладините бараат да се повлечат од измените на 9 закони за изградба на делниците од кориторите 8 и 10д

Пред пратениците во Собранието денеска на дневен ред на брза лента ќе се најдат измените на 9 закони поврзани со изградбата на делниците од коридорите 8 и 10д што треба да ги гради конзорциумот Бехтел и Енка.

Во законите потпишани од пратеници на ДУИ, СДСМ и Алијанса скратената постапка се оправдува со само една реченица – дека се работи за обемен и сложен закон… Ова предизвика бурни реакции кај дел од стручната јавност, а токму скратената постапка е мегу најспорните работи за невладиниот сектор.

На листата на денешната седница  треба да се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, за шумите и за градење но и самиот закон со кој без тендер му се овозоможи на американско-турскиот конзорциум да ги гради коридорите 8 и 10Д…

Со законските измени се предвидуваат ослободување на инвеститорот од одредени даноци… Да не се чека експропријацијата да стане правосилна туку доволно е одуката да стане конечна… Во законот за работни односи мегу другото ќе се овозможува прекувремената работа да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе