Вести Економија

Бектеши: Трговците со овошје и зеленчук ќе мора да обезбедат 70 отсто од потребите за домашниот пазар

Трговците кои продаваат овошје и зеленчук да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количините што ги продале во јануари и февруари. Ова е Одлуката што ја донесе Владата на денешната попладневна седница по предлог на Министерството за економија.

Како што соопшти Министерството за економија, оваа Одлука која следи по Одлуката за замрзнување на цените на определени видови овошје и зеленчук, е предвидено да важи до крајот на април.

Владината одлука е донесена по координативниот состанок на премиерот Димитар Ковачевски со колегите министри од ресорните министерства и претставници на надлежни институции во врска со предметното прашање, вели министерот Крешник Бектеши.

Бектеши денеска на прес-конференција јавно ги повика увозниците на овошје и зеленчук да присуствуваат на координативната средба и повтори дека законите мора да се почитуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе