Вести Економија Топ вести

Пред стартот на изградбата на Коридорот 8, бината за политичарите е поставена, но никој не открива кој ќе плати за свеченоста

Се подготвува теренот за утрешниот настан со кој треба да се означи старотот на инфраструктурниот проект  кој ќе го гради  Бехтал и Енка. Уште од денеска на првата наплатна станица  на патниот правец Тетово- Готивар е поставена  метална конструкција, која го означува местото  каде ќе се обратат владините престванци. Се чистат и просторот  и околните  објекти.

На ова место утре точно на пладне ќе се одржи свечена церемонија со која ќе се означи стартот на како што велат од Владата досега најголемиот инфраструктурен проект кој што е со сомнителен надзор, кој ќе чини 1, 3 милијарди евра, а за кој ќе бидат потребни и уште 300 милиони евра за експропријација.

На местото забележавме и комбе на фирмата  Арбериа.  Го контактиравме  преставникот дали е ангажиран за утрешната манифестација.  Ниту  негираше, ниту  потврди. Од оваа компанија се чекаа  и свидетелства за учениците, а беше ангажираан и за прославата за Рамковен. Од Владата пак се уште чекаме одговор кои фирми  се ангажирани и колку ќе  чини свеченоста.

И додека Владата поставува камен темелник за Коридор 8 , Обвинителството прави проверка на спорните фирми кои ќе го вршат надзорот. По низата објави на новинарските истражувања за огромните пропусти и контроверзи во теднерот вреден 22 милиони евра за надзор и консултации на коридорите 8 и 10 Д,  обвинителството за организиран криминал конечно се реши да отвори предмет по допрен глас.

Интересно  е и тоа што конкретен проект  нема, а и по  еден месец  домашните градежни фирми, иако го бараат се уште го немаат  добиено договорот кој Владата го има потпишано со Бехтал и Енка.

Пред извесно време првиот вицепремиер,  Груби во Топ Тема  кажа дека паралелно  и ќе се гради и ќе се проектира.

Во конзорциумот на италијанската „ИРД Инжинеринг“која ќе го прави надзорот  учествува  фирмата „Еуро консалтинг“ на Бранислав Димитријевиќ против кого во Ерменија е покренато обвинение за финансиски злоупотреби на градежен надзор за што сега е избрана неговата скопска фирма. Димитријевиќ избега од Ерменија пред четири години, по што замина во Хрватска која нема да го испорача поради хрватско државјанство.

Во конзорциумот е и „Ептиса“ која неколку месеци имала владина забрана за учество на градежни надзори на патишта и проекти поради незаконски и неетички дејства при своето функционирање. Третата спорна фирма е „Електра солушн“ која пред да го добие тендерот била фирма за шиење и кроење на долна облека. Спорни се и лиценците на експертите за надзор кои доаѓаат од држави во соседството, но и нивните огромни хонорари предвидени за учество во проектот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фабрички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе