Вести Економија

„Макпетрол“: Природниот гас за април достапен по цена пониска за 13 отсто

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и
движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги
известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за
месец април ќе се намали за 13% за мегават час, во однос на цената за месец март
ова година.

Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за
моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се
намалува за 8% односно, за 6 денари за килограм (4,248 ден/лит) во однос на цената
од минатиот месец која изнесуваше 75 денари за килограм, односно новата цена ќе
биде 69 денари за килограм или 48.85 денари за литар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Дејан Дејан

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе