Вести Економија Најважни

Укината субвенционираната струја за прехранбените компании

Дел од прехрамбените компании, почнувајќи од вчера, повеќе не можат да користат субвенционирана струја, која владата им дозволи да ја користат од 1 декември за да ги намалат трошоците за производство, но за возврат да ги поевтинат прехранбените производи. Но, бидејќи не го направија тоа до 1 арпил, државата одлучи да ги раскине договорите за евтина струја со нив, и паралелно донесе одлуки за замрзнување на цените. Информацијата за Телма ја потврди и ЕСМ.

Во моментот таа како поволност останува само за јавните претпријатија и за училиштата. За нив ќе важи до крај на април додека трае кризната состојба.

Оваа субвенционирана струја од минатата година околу 400 прехрамбени компании ја добиваа од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра по мегават час, наместо да ја плаќаат по многу повисока цена на отворен пазар. Според грубите проценки за три месеци за оваа мерка државата потроши околу 1,5 милиони евра пари од буџетот, кој го полнат и граѓаните. Но се поочигледно е дека парите за субвенционираната струја за овие фирми се потрошија, тие не ги намалија цените, но нема да сносат никакви санкции.

Од Организацијата за потрошувачи пред извесно време предложија до владата да им ги побараат парите да ги вратат, но премиерот Ковачевски во неколку наврати кажа дека нема законски основ тие да сносат какви било санкции, затоа што кога се донела одлука за користењето на субвенционираната струја со компаниите бил склучен џентлметски договор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе