Вести Економија Топ вести

Поевтинуваат влошките, пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња

Поевтинуваат влошките, пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња. Цената на овие производи се намалува за 13 проценти во однос на онаа по која се продавале на 20 март и потоа истата се замрзнува. Ваквата мерка ќе стапи на сила од први април, а ќе важи до крајот на мај. Бектеши уверува дека државата е подготвена да се откаже и од ДДВ-то за овие производи. Но, за да се случи треба да се изгласаат законите кои се веќе подолго време заглавени во Собранието.

За жал во собраниска процедура од декември месец имаме законско решение за овие производи да се решат системски долгорочно во делот на ДДВ-то да се намали од 18 на 5 отсто и до денеска не е свикана Комисијатa за финансирање, сè со цел да се усвои законското решение и да имаме долгорочно решение за овие производи кои се користат секој ден од страна на граѓаните, рече бектеши.

Според анализите на Министерството за економија од 1 до 24 март годинава, цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ, би се движела од 111,8 денари до 241,9 денари. Повеќето од сите овие производи, односно 85 проценти се увозни. Цената, пак, на влажните марамчиња во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година, а царинска стапка за увоз е 6 проценти, без вклучен ДДВ. За пелените цената се движела од 36 денари за парче до 1.600 ден по кутија со многу пакувања и тука не е вклучен ДДВ, истакна Бектеши.

Најдоцна до понeделник ќе се знае и кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзната цена. Аналзите се при крај. За овие производи во последно време има најмногу реакции дека многу поскапеле.

Анализите за овошјето и зеленчукот се направени и се во Министерството за економија. се чекаат податоци и од Царинската управа. До утре ќе ги имаме сите податоци и во петок, или недела, ќе се знае кои производи од овошјето и зеленчукот ќе бидат замрзнати, рече бектеши.

Откако повеќе нема да бидат на сила мерките за замрзнување, Бектеши не очекува да има нагло зголемување на цените. Не ја исклучува можноста со замрзнувањето да се продолжи, а можни се и нови механизми.

Претходно се замрзнаа и цените на јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи, а на 33 денари се ограничи и цената на белиот и полубелиот леб. Премиерот Ковачевски и министерот Бектеши во текот на овој месец три пати, заедно со пазарните инспектори, беа во контрола за самите да се уверат дека се почитуваат одлуките кои го носат.

Проверките од пазарниот инспекторат покажуваат дека одлуките главно се почитуваат. Има и такви кои ги прекршиле, но пазарна, иако најави, сѐ уште не ги објавува нивните имиња.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе