Вести Економија Најважни

Нова маркет тура на Ковачевски и Бектеши, ги проверија јајцата со замрзната цена, најавија нов бран на замрзнување на цените, следни се хигиенските производи, овошјето, зеленчукот

Премиерот Ковачевски и министерот Бектеши со пазарните инспектори повторно на терен. Овој пат ги контролираа  јајцата и оризот, но фрлија око и на цените на другите производи кои се под мраз. Ковачевски повторно испазари, Бектеши пак само разгледуваше. Се соочија и со пензионерите.  Го прашаа премиерот како со  пензијата  да го поминат  месецот, а му се пожалија и дека со намалувањето на цените за неколку денари,  нема да и се промени живеачката.

Освен за животнот  стандард продискутираа и за спортот.

По проверката, најавија дека  по  цените на јајцата и оризот, од утре под мраз одат  и оние на хигиенските производи,  а највероајно тоа ќе се случи и со цените на неколку видови овошје и

Генерално владините одлуки трговците ги почитувале. За неколку дена пазарните инспектори направиле околу 500 тини контроли. Констатирани се 6 прекршоци. Директоро на ДПИ иако најави дека јавно ќе бидат објавени имињата на оние кои не ги почитуваат одлуките, сега ги замоли новинарите за трпение.

Ова не е прв пат премеирот Ковачевски и министерот Бектеши да направат проверка на замрзнатите цени во маркетите. Премиерот рече дека ќе продлжи со оваа пракса. Сакал на лице место да  ги види цените  и можностите за намалување.

Минатата недела падна одлука под мраз да се стават и  цената на јајцата и оризот. Претходно тоа се направи со тестенините, млекото и млечните производи, а  на 33 денари се ограничи и цената на белиот и полубелиот леб.  И додека Владата се обидува да  го поевтини пазарењето, претходно и од ССМ и дел од експертите посочија дека со  замрзнувањето  се доцни. Тоа требало да се напрваи уште лани кога  тие почнаа да растат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе