Вести Економија Топ вести

Од Агенцијата за наплата на долгови во Хрватска протекоа повеќе од 181.000 лични податоци- фирмата EOS Matrix има претставништво и во Македонија

Од хрватската фирма за наплата на долгови EOS Matrix, протекоа повеќе од 181.000 лични податоци, вклучувајќи ги и податоците на неколку стотици малолетници, објави Индекс.хр.

Ова е второ големо протекување на податоци откако во декември минатата година беше отворена истрага за протекување на 77.000 лични податоци од компанијата Б2 Капитал, уште еден инкасатор на долгови, односно агенција за наплата на долгови.

Инаку, агенцијата за наплата на долгови  EOS Matrix има претставништво и во Македонија и работи со големи компании на кои им помага да ги наплатат парите кои им се должат.

Компанијата EOS Matrix признава дека нивната база навистина содржи информации за малолетници, но дека тоа го прават врз основа на правосилни судски пресуди за наследство, односно за лица за кои е утврдено дека се наследници на лица кои се должници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе