Вести Економија Топ вести

Не ни треба работна сила од Бангладеш и Непал – Синдикатите остро против владините намери за увоз на работниците од сиромашните азиски земји

Работници од Бангладеш и Непал не ни се  потребни. Синдикатот против најавите на Владата дека ќе се увезува работна сила. Наместо властите  да трчаат и да бараат кадар по цел свет, треба  да ги подобрат условите за работа и да ги зголемат платите на домашните работници за да се спречи  нивното  секојдневно заминување, сметаат од ССМ. Предупредуваат дека ако не се случи тоа сосотјбата ќе биде уште полоша. Активирањето на социјалните случаи  на пазарот на трудот  според синдикатот е уште една опција како да се пополнат празнините.

  • Ако се увезат, треба да се плати  сместувачки капациотет, храна авионски карти, па кој би биле примањата тука и што ќе остане  за нив да биде примамливо. Станува збор за несериозен чекор  во   21 век една  е земја која се стреми кон ЕУ да увезува  работници од Бангладеш и од Непал за не знам какви плати напроти тоа што ни се случува егзодус  на домашните работници секој ден.  Луѓето коски оставија,  а за сметка на тоа ништо не добија и не можеме да очекуваме да бидат продуктивни, Иван Пешевски  ССМ

Од Владата веќе подолго време најавуваат дека со увоз на работници ќе се решава недостатокот од кадара за работа. Но, освен што се зборува за тоа, стратегија како ќе се привлечат тука нема.  Вицепремиерот Битиќи  вели-  вратите се отворени за сите кои што сметаат дека кај нас има подобри услови за работа.

  • Владата не е тука и никогаш не била да носи  некого на грб , ниту да го движи развојот на една земја, туку да креира можности за сите, тоа е тоа што Владата го прави, вели Битиќи

Од ССМ  ги обвинија сите влади до сега за состојбата со иселувањето. Велат не заминуваат само млади,  туку цели фамилии.  Според анализите на земјава и недостасуваат  околу 10 илјади  работници годишно. Најкритично е во градежништвото и угостителскиот сектор. Но, според ССМ полека се празнат и дргуите дејности.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе