Вести Економија Топ вести

Развојна банка со кредити до 300 илјади евра за дигитализација на мирко, малите и средните компании

Кредити за дигитализација во висина од 100 до 300 илјади евра за зависност дали станува збор за освновни или обртни средтсва ќе бидат достапни за микро, малите и средните претпријатија во државата преку новата кредитна на македонската Развојна банка. Кредитирање ќе се врши преку преку квалификувани банки учеснички а каматата ќе биде до 2,9 проценти годишно и ќе се врши со сопствени средства на Развојна банка.

Компаниите апликанти треба да се регистрирани во државата со 51 посто приватна сопственост и да немаат обврски кон државата, да не се во стечај или постапка за ликвидација и да се во квалификација еднаква или подобра од Б категоризација.

За амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман Марти, кредитната линија претставува  стимул за развивање на нови решенија и тестирање на домашниот пазар за компаниите од ИТ секторот со што ќе бидат конкурентни и на странскиот пазар а ќе придонесе за создавање на околина за развој на приватниот сектор и економски раст во државата.

Дигитализацијата на компаниите е современ пристап за развој на компаниите кои ќе бидат делку по конкурентни на пазарот додека дека дигитализацијата на јавниот сектор ќе придонесе за транспарентноста и намалување на корупцијата, смета премиерот Ковачевски.

Во вторникот, Владата го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството кој предвидува темелни промени во начинот на функционирање на институциите и подобрување на нивната ефикасност како сервис на граѓаните преку подобар слободен пристап до јавните информации и дигирализирање на документитре записниците и потписите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе