Вести Економија Топ вести

Народната банка по 10-ти пат за година дена повторно ја зголеми основната каматна стапка

Народната Банка повторно ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени.

Со новиот скок сега изнесува 5,5 проценти.На потег се останатите банки дали дополнително ќе ги поскапат кредитите.

Оваа каматна стапка е показател за тоа какви корекции тие треба да направат и кај каматите на заемите, но и кај штедните влогови.

И еден од механизмите со кои Централната банка се обидува да го намали притосокот од инфлацијата.

Проекциите се дека прво би имало зголемување кај казнените камати, а потоа и кај оние променливите.

Сепак,  банкарите смируваат, по новиот скок не очекуваат драматични промени.

„И до сега растот на каматите беше помал од она што го спроведуваше Народната банка. Тоа се должи на големата ликвидноста,  но и поради меѓусебната конкуренција. Не верувам дека новото зголемување на основната каматна стапка на благајничките записи ќе предизвика драматични промени кај каматите. Внимателно ги следиме сите сигнали на Централната банка“ – изјави Претседателката на МБА, Маја Стевкова Штериева.

И првиот финансиер Бесими уверува дека со добрите политики, не се оставило простор Народната банка да оди престрого во корекциите  на основната каматна стапка.

„Консолидирањето на фискалната политика значи намалување на дефицитот и намалување на јавниот долг, а при тоа поддршка на растот со реформите што ги правиме. Тоа, пак, значи дека се остава поголем простор за монетарната политика да не оди преостро во однос на каматните стапки“ – вели Бесими.

И додека и банките и министерот Бесими испраќаат смирувачи пораки, домашните експерти сметаат  дека состојбата  е аларманта.

Велат дека досегашните мерки за да се ублажи инфлацијата не даваат резулати. Ограничените маржи не помогнаа многу, а со замрзнувањето се доцни.

 “Никако не го постигнуваме ефектот на ЕУ , тие одат на една бројка од 3,25 проценти, и видете какви проблеми имаат во одредени банки, а  ние сме веќе во една 5, 5 проценти каматна стапка и тоа како ќе влијае на економијата во земјава. Аларматна е ситуацијата. До таму е ситуаицјата што треба да има по радикални мерки“ – вели економскиот аналитичар, Абил Бауш.

Освен  зголемување на референтната камата, НБРМ одлучи да се зголемат и каматите на депозитите.

Од лани ова е 10-пат по ред како Централната банка прави нагорна корекција на референтната камата. На овој начин се стимулираат помалите банки слободните пари наместо да ги пласираат како кредити да ги чуваат во НБРМ. Само за споредба, минатата година во овој  период основната камата изнесуваше 1.25 проценти.

Очекувањата пак од меѓународните финансиски инситуции се дека ќе следи период на пад на инфлацијата и каматите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе