Вести Економија Македонија Топ вести

ДЗС бележи раст на просечната плата во јануари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година изнесувала 33.943 денари.

Во споредба со истиот месец претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика таа се зголемила за 13,2 отсто.

Според статистика ваквото зголемување се должи пред се на растот на платите во секторите Транспорт и складирање, Градежништво и Информации и комуникации.

Како и во периодот претходно, највисока просечна нето-плата од 91.259 денари во јануари 2023 година имале програмерите, односно дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности.

Наспроти нив, убедливо најниска нето-плата од 19.099 денари имало кај заштитните и истражните дејности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе