Вести Економија Македонија Најважни

Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот- бизнисот бара да се најде друг механизам за поевтинување

Се замрзнаа цените на јајцата и оризот на сумите  по кои се продавале на 15 март. Просечната цена за едно јајце е околу 8, 5 денари и најскапото може да оди до 9,8 денари. Цената на оризот пак ќе се движи од 80 до 100 денари.

Ваквите одлуки ќе важат до крајот на април, а ќе стапат на сила откако ќе влезат во службен весник.  Паралелно со замрзнувањето на цените, се донесе и  одлука да се ограничи и  извозот  на јајца. Произвоdителите прво ќе мора  да обебзедат 70 отсто од  домашните потреби, па потоа да извезуваат.

  • Ако се дозволи извозот целосно, повеќето заради економски интерес,  можеше да го насочат своето поризводство во соседните држави- Крешник Бектеши- министер за економија.

Стопанските комори пак сметаат дека со замрзнувањето мора да се престане, а ако сака владата да го направи поевтино пазарењето,  треба да воведе други мерки.

Грижата за доброто на граѓаните и нивниот социјален статус првенствено е обврска на Владата а доколку тоа е и на бизнис секторот зошто паѓа на товар  на пекарите, млекарите и прехранбената индустрија е ставот на Стопанската Комора.

Бектеши пак тврди дека одлуките се носат  во координација со коморите.

  • Ако конкретно нешто се дава како предлог може и јавно и до нас како институции и ако е одржлив тука сме да ги прифатиме. Имаме предлог за укинување на сите царински давачки и  таков предлог  не е  одржлив  ниту  на  краток ниту на долг рок – Крешник Бектеши- министер за економија.

Се чекаат и анализите за овошјето и зеленчукот за да се види дали и тука може да се направи корекција во цената.  Бктеши најави дека следни под лупа ќе бидат и месните производи.

Претходно се  замрзнаа  и на белиот и полубелиот леб,  на дел од млечните производи и тестенините. Експертите  и Синдикатот сметаат дека со замрзнувањето се доцни и тоа требало да се направи уште лани.

Процесот на замрзнување на цените почна откако дел од прехрамбените компании, иако добиваа субвенцинирана струја сепак не ги намалија цените. Но, за тоа се поочигледно е дека нема да бидат санкционирани затоа што според надлежните законски основ нема.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе