Вести Економија Најважни

Владата  и ССМ со различни пресметки на потрошувачката кошничка

Две или две и пол минмални плати? Колку тежи минималната синдикална потрошувачка. Владата и Синдикатот со различни пресметки и суми. За едните е 43 илјади денари за другите над 50 илјади денари. Во секој случај по ниту една пресметка две минимални плати не го задоволуваат основниот минимум на едно четиричлено семејство.

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, ССМ од август минатата година вметнува уште една ставка – трошоци за живот или инфлација иако во пресметките веќе е пресметата.

Наместо да се објаснува со ССМ, Владата треба да работи на подобрување на стандардите за живот на работниците и намалување на инфлацијата. Методологијата за пресметка е 12 година иста, велат од ССМ.

Пресметките на Владата се дека во моментов се потребни нешто над две минимални плати за да се покрие минималната потрошувачка кошничка и дека очекуваат од наредниот месец целосно да ја покријат.

Од ССМ се децидни дека минималната потрошувачката кошничка е онолку колку што е потребно да преживее едно четиричлено семејство, а не да има достоинствен живот или да може да бира каква храна, или облека ќе купи.

Со последната одлука на Владата минималната плата се зголеми на 20.175 денари а од ССМ пак апелираат дека сите плати мора да го следат темпото на инфлацијата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе