Вести Економија Најважни

Бектеши ги стави под мраз јајцата и оризот

Утре се замрзнуваат цените на јајцата и оризот. Но, на која сума ќе биде ограничувањето Бектеши не сакаше да открие, за да нема шпекупации од страна на производителите. Со одлуката нема да се дозволи скок на цената пред верските празници.

Не би сакал јавно да го кажам,  затоа што може одредени трговци  да се подготват, но пред да биде конечната одлука не би сакал да објавам, но, ќе биде една од цените по која се продавале во март, рече бектеши.

Деновиве дел од производителите на јајца предупредија да се внимава со корекцијата на цената кај овој производ, затоа што може да го снема од пазарот. Сепак, Бектеши уверува јајцата нема да поскапат и ќе ги има во продажба. Свесен е дека побарувачката за македонските јајца од соседните земји каде цената е повисока е значително зголемена, затоа се разгледува опцијата паралелно со замрзнувањето на цената, да се ограничи и извозот.

Моментално е зголемен извозот кон другите држави, но и цените таму се повисоки. Ако во случај ние носиме одлука за забрана за извоз, тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА и ЕУ и може да имаме санкции и затоа таква одлука не е опција. Но, за да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно правилата, ние утре нема да носиме одлука само за замрзнување на цена туку ќе го ограничиме, со производството да се задоволат домашните потреби, а одреден процент ќе оди за извоз од земјава, рече бектеши.  

Дневно во земјава се произведуваат од 700 до 800 илјади јајца. Дел оди и за извоз. Најетвини се во земјава, а најскапи во Грција.

Иако, на листата за замрзнување на цената се споменуваа и шеќерот и брашното, сепак тука нема да се прават корекции затоа што кај овие производи веќе има намалување. Но, ќе се анализира дали тоа може и треба да се направи со цената на месните производи. Ќе се бараат и извештаите од Министертвото за земјоделство и за зеленчукот и овошјето каде има сериозно поскапување на кое граѓаните деновиве најмногу реагираа. Од минатата недела поевтинија за 10 до 15 отсто тетсенините, млекото и млечните производи. А цената на белиот и полубелиот леб се ограничи на 33 денари.

Ваквите одлуки дојдоа откако прехрамбените компании не ги намалија цените, а три месеци користеа субвенионирана струја. Но нема законска основа тие да бидат санкционирани, затоа единстевна казна за нив ќе биде тоа што ќе им се укине евтината струја. Дел од експерите и од ССМ пак сметаат дека со замрзнувањето многу се  доцни.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе