Вести Македонија Најважни

Апелација: Даравелски дознал за пресудата во Идризово

Даравелски дознал дека е осуден- на капијата во Идризово, само неговото тврдење се смета за релевантно и го искористил рокот од една година за да побара нов процес, сметаат апелационите судии Милева, Елези и Ристов. Тие со својата одлука потврдија дека дводеценискиот бегалец од правдата има право на ново судење со што ќе му застари кривичното гонење и ќе биде слободен човек. Судиите не ја спомнуваат аболицијата која Драган Даравелски ја барал од Црвенковски пред 14 години, а која ја откри Телма вчера. Експертите сметаат дека доколку Даравелски не го ослободи тој може да ја победи Македонија во Стразбур.

Апелациониот суд откри зошто ја потврди одлуката во кривичниот суд за повторено судење на Даравелски кое ќебиде само формалност со констатирање дека му е застарено кривичното дело со кое е оштетен државниот буџет.

Цитирајќи повеќе одредби, судот како главен услов за повторување на постапката го смета тоа што секој осуден има право да бара повторно судење во рок од една година од дознавањето на пресудата. Според судиите во Апелација, Тања Милева, Ѓоко Ристов и Лирије Елези Ајрулау, Даравелски дознал за што е осуден кога во јануари од преминот Табановце го однеле во Идризово.

Извадок од пресуда на Апелационен суд-Скопје за Даравелски:

Советот правилно утврдил дека осудениот за пресудата со која е осуден во отсуство дознал на 10.01.2023 година, кога бил спроведен во КПУ – КПД Идризово Скопје за издржување на изречена казна затвор во траење од 7 години. Не постојат околности кои укажуваат дека претходно дознал за пресудата, како релевантна се смета изјавата на самиот осуден по однос на денот на дознавање за пресудата.

Во одлуката на тројцата Апелациони судии никаде не е спомната ниту анализирана аболицијата која Драган Даравелски уште во 2009-та ја барал од претседателот Црвенковски. Тоа барање за помилување е одбиено- објави Телма вчера, но потврдува дека Даравелски уште тогаш знаел за 7-годишната затворска казна.

Иако воопшто судиите не расправел за аболицијата, Апелациониот суд напишал дека дури и Вишото јавно обвинителство во Скопје сметало дека на Даравелски треба да му се даде повторно судење односно да му се застари криминалното дело. За тоа е цитиран и членот 3 став 2 од Вториот додатен протокол на Европската конвенција за есктрадиција со која барање за екстрадиција и екстрадициски притвор какви што имало повеќе за Даравелски не се сметаат за запознавање на осудениот со елемнетите на кривичното дело.

Извадок од пресуда на Апелационен суд-Скопје за Даравелски:

Кога замолената држава ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, тоа известување, страната молител нема да го смета за формално нотификација за целите на водење на кривчната постапка во таа „Држава“.

Ниту овој член не ја опфаќа бараната аболиција на Даравелски пред 14 години.

Правниците кои коментираа за случајот во Топ тема на Телма имаат единствено мислење дека Даравелски ги искористил правните механизми за да се спаси правилно и законски, без разлика на кривичното дело за кое веќе е осуден.

Доколку не бил пуштен на слобода, Македонија ќе можела да се соочи со пораз во судот во Стразбур.

-Со оглед дека има државјанство од друга држава, тогаш тој рок од една година не важи. Не важи, затоа што тоа во законот е децидно кажано. Рокот од една година во таа постапка не важи. И не верувам дека судот направил превид, затоа што не може, бидејќи одлучува врз основа на целиот предмет. истакна адвокатот Александар Новаковски во „Топ тема“ за случајот со екс директорот на Царина.

-Секој што е суден во отсуство, да му се обезбеди повторување на постапката. Тоа е од аспект на праксата на судот во Стразбур и една од гаранциите на членот 6. Има исклучоци од тоа правило, има предмети за кои судот заземал друг став, најчесто во предмети во кои обвинетите, односно осомничените знаеле за постапката и намерно ја избегнувале, односно намерно не сакале да присуствуваат на судењата. Во такви случаи може да се донесе и пресуда во отсуство, но секој исклучок паѓа на тој што треба да го докаже, потенцираше во Топ Тема Костадин Богданов, поранешен владин агент во Европскиот суд за човекови права во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Без разлика што Телма вчера откри дека Даравелски знаел за пресудата уште во 2009-тата кога барал аболиција од претседател, донесената одлука е конечна и делото ќе му застари.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе