Вести Економија Македонија Најважни

Некаде млако, некаде ич- почна грејната сезона, сонцето го скрати првиот ден на парното кое е исклучено во 9:15

Грејната сезона почна, радијаторите се наполнија со топлинска енергија, но многу граѓани на Скопје се пожалија дека радијаторите се млаки. Надворешните температури кои се високи преку ден и новите критериуми за топлина поради енергетската криза придонесоа и радијаторите да бидат „посвежи“.

Границата за топли или ладни радијатори сега е 12 степени, па греењето траеше до 9:15 часот наутро.

-Утринава во 5:50 часот беа пуштени топланите при температура од 9 степени, истите работеа до 9:15 минути кога се постигна надворешна температура од 12 степени и притоа во овој период беа испорачани 997 мегават часови топлинска енергија, рече Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.

Тој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја посети топланата Исток за да означи почеток на грејната сезона.

-Ние не зависиме од другите држави. Ние сами се подготувавме за се да покриваме домашно за да немаме зголемување и на цените и дополнително на тоа да не зависиме од тоа што би се случило во регионот, во Европа или, пак, глобално. Затоа сите капацитети се ставаат веќе во функција, а денешниот ден секако дека е потврда на тоа дека последните неколку месеци директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски со неговиот тим и со поддршка на Владата ги направија сите подготовки денеска да имаме парно во градот Скопје, го „пофали“ Бектеши, директорот на ЕСМ.

Имаше и граѓани кои се жалеа дека немаат парно иако се приклучени и се договорени корисници, но тоа според Ковачевски се случило во 85 станбени објекти поради проблеми со неплатена струја за станиците во зградите. Сега откако ЕСМ е одговорно и за струја и за парно биле проверувани сметките по што е откриен проблемот.

Но останува и проблемот со набавка на гас. Досега е купен само гас за две недели од Макпетрол. Ковачевски појасни дека гас ќе се набавува дополнително, и тоа по пониски цени бидејќи, како што рече, тие се во опаѓање. Доколку има некакви промени, и има екстремно високи цени на гасот или пак ако го нема на пазарот, се прават подготовки топланите исток и запад да работат на дизел гориво, за што АД ЕСМ ги прави потребните набавки на опрема и пред се на пумпи за таа намена.

Според Ковачевски, има разговори и за шестмесечна набавка и испорака на природен гас по цена пониска од сегашната од компании надвор од државата.

-Имаме обезбедено енергенс до крајот на месецов, а следствено на тоа како понатаму ќе функционира приватната гасна централа ТЕ-ТО ќе знаеме дали ќе повлекуваме топлинска енергија од ТЕ-ТО или и понатаму целосно ќе произведуваме топлинска енергија во нашите топлани коишто ги имаме под закуп од АД „Адора“ во топланите Исток и Запад, истакна Васко Ковачевски од ЕСМ.

Според анализите за договори,  околу 55 илјади домаќинства се греат на парно во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче кое беше меѓу повредените во нападот со мачета во Лондон

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе